Новата македонска ‘аквизиција’, Стефан Чолаковски стрелец за Мелбурн сити (ВИДЕО)

Новата македонска ‘аквизиција’, Стефан Чолаковски кој прифати да игра во дресот на младата репрезентација на Македонија, беше стрелец за Мелбурн сити во убедливата победа од 0-6 против Мелбурн Виктори во најсилната лига на Австралија.

Во 11. коло од А-лигата на Австралија, Мелбурн сити триумфираше со 0-6, а Чолаковски во 93. минута беше стрелец на последниот погодок за својот тим.

Како што е познато, селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски неодамна за ЕКИПА информираше дека по директните разговори Чолаковски прифатил во иднина да настапува за македонската репрезентација.

Чолаковски прифати да биде со репрезентацијата веќе и на мартовскиот меѓународен турнир во Анталија каде Македонија ќе игра со Словачка, Бугарија и со Казахстан, но само поради австралиските ковид-протоколи тоа во моментов е неизводливо. Ќе биде на располагање за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2023.

Се вчитува...