Новевски стрелец и асистент во победата на Војводина

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Владан Новевски иако со свои само 18 години се поинтензивно се наметнува и за првиот тим на новосадска Војводина.

Новевски беше најдобриот поединец во тимот на Војводина на пријателскиот натпревар против Пролетер од Зрењанин, партиципирајќи со погодок и асистенција во победата од 3-1. Сето тоа го наметнува веќе и за стартниот состав на новосаѓани на утрешниот натпревар против Напредок Крушевац во 24. коло од Суперлигата на Србија.

„Влегуваме како големи фаворити на натпреварот. Без разлика дали ќе биде убедлива победа или не, тоа е најмалку важно, важно е утре да дојдеме до трите бода. Ова за нас е круцијален натпревар од причини што ‘киксиравме’ во досегашниот дел од пролетната сезона. Не успеавме да дојдеме до бодови како што планиравме, затоа на овој натпревар многу е значајно да се дојде до триумф“ – истакна Новевски на денешната прес-конференција на Војводина, притоа дополнувајќи:

„Не е важен противникот, важно е како ние ќе одиграме. Наше е на најдобар можен начин да одговориме на тоа што не чека на самиот почеток од натпреварот. Ран гол би ја отворил средбала и би го олеснил натамошниот тек“.

Се вчитува...