Нови 11 „печалбари“ во Македонија, Вардар единствен клуб од Првата лига без странец

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, изненадувачки или не, ќе биде единствениот клуб од Првата лига во новата 2020/21 сезона без ниту еден странски фудбалер во своите редови. Сите останати 11 прволигаши ќе имаат најмалку барем по еден странец во своите редови.

По цели десет години, по онаа сезона 2010/11 во која бркаше опстанок во елитното друштво, Вардар повторно ќе биде без странец во своите редови.

А, за разлика од црвено-црните, дури осум прволигаши реализираа трансфери на странски фудбалери во актуелниот преоден рок. Македонската прволигашка сцена за новата сезона доби дури 11 нови странци, а беа реализирани вкупно 13 „трансфер-поместувања“ вклучувајќи ги Бразилецот Алдаир Нето кој од Шкендија се пресели во Пелистер, како и Робсон да Силва кој од Македонија ЃП кариерата ја продолжува во Беласица.

Најмногу нови странци имаат Шкупи и Пелистер кои во своите редови донесоа по тројца нови „печалбари“, а Шкендија во новата сезона ќе ги има и Албанецот Бруно Дита од Скендербех, како и Хрватот Антонио Павиќ кој пристигна од редовите на Желзничар од БиХ.

ТРАНСФЕРИ НА СТРАНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ПМФЛ – ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК (СЕЗОНА 2021/21):

ШКЕНДИЈА: Бруно Дита (Скендербег, Албанија), Антонио Павиќ (Железничар, БиХ)

РЕНОВА: Сенад Хусиќ (Лапи, Косово)

ШКУПИ: Фреди Алварез (Џикарал, Костарика), Фират Гулу (Галатасарај, Турција), Џамал Дибиргаџиев (Черноморец, Русија)

МАКЕДОНИЈА ЃП: Андерсон Барбоса (Ботев Пловдив, Бугарија)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Милан Томиќ (Ц. Звезда, Србија)

СТРУГА ТЛ: Арлинд Шабани (Трепча, Косово)

ПЕЛИСТЕР: Иван Пејаковиќ (Нови Пазар, Србија), Анес Хот (Нови Пазар, Србија), Алдаир Нето (Шкендија)

БЕЛАСИЦА: Робсон Да Силва (Македонија ЃП)

Се вчитува...