Нови информации за Рико: Се чувствува подобро, но се уште не говори

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико полека се рехабилитира од тешката несреќа која ја доживеа на крајот на месец мај. Шпанскиот чувар на мрежата при прошетка со коњ имаше судар со друг, залутан коњ по што заврши на земјата со повреда на вратот и претрпен мозочен удар.

Рико се разбуди по речиси едномесечната кома, а шпанските медиуми сега имаат нови информации за неговата состојба. Тој загубил повеќе од 20 килограми, а доколку раната на главата била подлабока за само неколку сантиметри тој ќе го загубел својот живот.

„Го гледаме светлото на крајот на тунелот. Одиме чекор по чекор. Од самиот почеток знаев дека ќе се извлече бидејќи тој е голем шампион. Совршено добро знае кои сме, му се врати меморијата“, открива неговата сопруга.

Сепак Рико се уште не може да говори, туку само комуницира со очите.

Се вчитува...