По принудното откажување на трките во Саудиска Арабија и Бахреин поради нестабилната политичка ситуација, Формула 1 се соочува со нов предизвик кој би можел дополнително да ја парализира сезоната. Овој пат, пречката не е политиката, туку екстремните временски неприлики кои му се закануваат на претстојниот викенд во Флорида.
Метеоролошките прогнози за Мајами најавуваат силно невреме проследено со обилен дожд и грмежи. Иако фановите со нетрпение го очекуваа камбекот на патеката, организаторите и тимовите се сериозно загрижени за безбедносните протоколи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

