Нови тениски календари: Мажите тргнуваат од Вашингтон, жените од Палермо

Тенисот ги следи примерите на останатите спортови и влегува во завршни подготовки за рестартирање на натпреварувањата, откако челницита на АТП и на ВТА денеска ги објавија новите календари со турнирите што е предвидено да се одржат до крајот на 2020 година.

Прв закажан турнир во машка конкуренција е оној во Вашингтон, што треба да стартува на 14 август. По завршувањето на овој турнир ќе следи Мастерсот во Синсинати, како увертира за УС Опен, граслем турнирот во Њујорк чиј старт е закажан за 31 март. Потоа ќе следат низа турнири на земјена подлога, во Мадрид и Рим во месец септември како најава за Ролан Гарос, кој е закажан за 27 септември. Челниците на АТП најавуваат дека календарот би можел да се промени доколку дојде до сериозно нарушување на здравствените и безбедносните услови за тенисерите. Планирано е на голем дел од турнирите да има публика на трибините, но во значително помала бројка од целосниот капацитет на арените.

Што се однесува до женските турнири, прво ВТА-натпреварување по паузата ќе биде она во Палермо закажано за 3 август. Заеднички со АТП се гранслем турнирите, како и Мастерс-турнирите во Мадрид и во Рим во септември. За октомври е планирано најдобрите светски тенисерки да се преселат во Азија, каде би играле пет турнири (Сеул, Пекинг, Вухан, Токио и Гвангжу).

Се вчитува...