Новиот „дијамант“ Максимов со еврогол ги казни утките на Тиквеш (ВИДЕО)

Работнички има водство од 1-0 на полувремето. Уште еден одличен натпревар игра Методи Максимов, десното крило на „романтичарите“ кое по двата гола минатото коло со Брегалница, сега постигна еден во 29. минута. И тоа прекрасен. Од десната страна од мртов агол шутна силно, и погоди во малата мрежа, прецизно, изненадувајќи го Столе Димовски.

Инаку, интересно е тоа што Тиквеш пред оваа шанса имаше три зицер шанси. Но, одличен на голот е Бурхан Мустафа, и тој заедно со Максимов се во центарот на вниманието по првиот дел на „Националната Арена“. Тиквеш има можност во вториот дел да се врати и да се обиде да избегне пораз.

Инаку во 7. минута Работнички мораше да менува поради повредата на Кировски, кој го напушти теренот, а на негово место влезе Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...