Новиот играч на Борусија Д. го „издаде“ идното засилување: Се гледаме на првиот тренинг

Никлас Зиле следната сезона ќе ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд. Играчот на Баерн Минхен како слободен агент ќе се пресели во Дортмунд, а намерно или не, тој го “издаде“ и новото засилување на „милионерите“ за следната сезона.

Станува збор за играчот на Салцбург, Карем Адејеми, кој исто така е пред трансфер во Дортмунд, кој и натаму не е потврден. Се очекува и тој да се приклучи на „милионерите“.

Никлас Зиле практично издаде дека тој ќе биде новиот играч на „милионерите“. На прашање за Адејеми, Зиле одговори.

„Се гледаме на лето на првиот тренинг“, рече Зиле.

Тоа значи дека веќе Адејеми е на добар пат кон Дортмунд. Во Адејеми се гледа како замена за Халанд, кој најверојатно ќе замине во Шпанија или во Барселона или во Реал Мадрид.

Се вчитува...