Ново гол-шоу на Андонова и Барселона

Наташа Андонова продолжи со одлични игри во дресот на Барселона, откако македонската фудбалерка одигра уште еден одличен меч и беше меѓу најзаслужните оваа екипа се закити со трофејот во Купот на Каталонија.

Барса вечерва во финалето се сретна со Еспањол, но немаше достоен ривал во соседниот клуб, декласирајќи го со 7-0. Во главна улога во првото полувреме, кога и беше решено прашањето на победникот, беше токму Андонова, која постигна два погодоци и го најави убедливиот триумф на својот тим.

Само за потсетување, Андонова одигра извонредно и во полуфиналето против Пардинјес, постигнувајќи хет-трик во триумфот од идентични 7-0.

Се вчитува...