Новото бразилско чудо доаѓа во Реал Мадрид

Бразилецот Винисиус Жуниор е новото фудбалско чудо што го ‘запали’ светот со своите игри, а 16-годишниот фудбалер веќе го договорил својот трансфер во редовите на Реал Мадрид. Според бразилскиот „Глобоеспорте“, тој за сума од фантастични 45 милиони евра ќе се пресели во „кралскиот клуб“ во јули 2018 година, кога ќе стане полнолетен.

Винисиус Жуниор во Бразил веќе го нарекуваат „новиот Нејмар“, тој е лидер во селекцијата на „кариоките“ до 17 години и е член на Фламенго. Според фудбалските стручњаци, неговата игра е неверојатно зрела за 16-годишно момче и тој веќе без проблеми се вклопува во сениорскиот фудбал.

Реал Мадрид ќе плати 45 милиони евра за неговите услуги и понуди дури 20 милиони евра од Барселона, не сакајќи да ја повторат грешката што ја направија со Нејмар, кој заврши на „Камп Ноу“.

Се вчитува...