Новото враќање на Мекгрегор ќе биде борба со Пакиао

Пензионираниот УФЦ шампион, Конор Мекгрегор најави дека повторно, трет пат во четири години ќе се врати од пензија и тоа дека овојпат тоа ќе биде со борба против Мани Пакиао на Блискиот Исток.

Во 2017 година, Мекгрегор се соочи во Флојд Мејведер во боксерска борба која беше една од најдоходовните во овој спорт, сега повторно ќе влезе во идентична авантура, но сега против филипинскиот боксер.

Пакиао кој има 41 година е осумкратен боксерски шампион на светот, а меѓу легендарните е неговата борба токму со Мејведер која Американецот ја доби на поени. Тој е во пензија од 2019 година.

 

 

 

 

Се вчитува...