Њукасл купува еден, а се ослободува од друг напаѓач

Иако Њукасл го комплетираше потпишувањето на Јоан Виеса од Брентфорд , друг напаѓач, Вилијам Осула, е пред заминување од клубот. „Дејли меил“ објави дека Данецот е пред трансфер во Ајнтрахт Франкфурт за 35,5 милиони евра.

Во договорот ќе има клаузула според која Англичаните ќе можат да го откупат.

Осула, 22, се приклучи на Њукасл од Шефилд Јунајтед пред една година за 11,6 милиони евра. Тој беше главно резерва минатата сезона, но играше на сите три натпревари на тимот во Премиер лигата досега оваа сезона.

Се вчитува...