Англискиот фудбалски клуб Њукасл поднесе втора, подобрена понуда за напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко.
Германскиот „Скај Спортс“ тврди дека Њукасл нуди 69,7 милиони фунти (80 милиони евра) како фиксна сума за компензација, со дополнителни бонуси.
Премиерлигашот првично понуди 65,3 милиони фунти плус 4,36 милиони фунти (75 милиони евра + 5 милиони евра) во бонуси.
На Њукасл очајно му се потребни засилувања во нападот. Тренерот Еди Хау ги има на располагање само Вилијам Осула и Александар Исак, откако неодамна му соопшти на клубот дека сака да размисли за преселба од „Сент Џејмс Парк“.
Ливерпул испрати понуда за Швеѓанецот, но Њукасл ја одби и судбината на Исак се уште е неизвесна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

