Нуркиќ има срце големо како планина: Бев на одмор и се шокирав, мораме да им помогнеме на децата

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ е добро познат по својата хуманитарна страна. Тој често помага на луѓе кои се соочуваат со проблеми, а на пресконференцијата на Порталнд пред почетокот на новата сезона во НБА повторно упати апел за сиромаштијата.

Тој откри детали од неговиот одмор поминат во Руанда, а го спомена и милијардерот Елон Маск.

„Жалосно е кога ќе видам што прават луѓето. Нема да му кажам на Елон Маск што треба да прави со своите пари, но гледам дека попрво би го купил Твитер отколку да им помогне на луѓето кои немаат што да јадат. Имаме деца кои се болни и на кои мораме да им помогнеме, но не го правиме тоа. Живееме во лош свет. Бев во Руанда три дена. Не сум видел толку среќни луѓе, толку детски насмевки, а имаат толку малку. Видов две училишта каде одат илјадници деца, а немаат обувки. Ме погоди. Се обидов да им купам патики, книги, се што им е потребно“, вели Нуркиќ кој потоа продолжи:

„Не го планирав тоа. Бев на одмор и ме шокираше тоа што го видов. Сакам да изградам и училиште во Сребреница. Сакам децата да имаат подобра иднина. Не е важно која религија се, дали се бели или црни. Луѓето треба да ги судиме само по тоа какви луѓе се“.

Се вчитува...