Нурмагомедов во очај: Таткото на Хабиб е во кома поради лекарска грешка

Руските медиуми објавија дека таткото на најдобриот светски борец, Хабиб Нурмагомедов е во тешка состојба во болница во Москва.

Пред неколку денови беше објавено дека Абдулманап Нурмагомедов е хоспитализиран во Дагестан поради здравствени проблеми, но неговата состојба се влошила па итно е префрлен во Москва. Најпрво имал запаление на белите дробови, но е префрлен во Москва откако е откриено дека има сериозни проблеми со срцето.

Таткото на Хабиб во моментов е во кома, борејќи се за својот живот. До оваа ситуација дошло поради лошата лекарска дијагноза при првата хоспитализација. Лекарите во Дагестан неколку денови не виделе дека има проблеми со срцето, што ја влошило неговата состојба. Извор близок до московската воена болница, за руските медиуми истакнува дека лекарите во Москва не може да разберат како повеќе од три дена никој во болницата во Дагестан не видел дека има проблеми со срцето, а не со белите дробови.

Хабиб е во очајна ситуација стравувајќи за животот на својот татко, кој е и негов менаџер, постојано со него во неговата кариера од првиот ден.

Се вчитува...