О’Саливен: Одев наоколу и правев с**ња, денот ми почнуваше со џоинт

Легендараниот англиски снукер играч Рони О’Саливен вели дека во текот на кариерата имал големи проблеми со пороците и дека заминувањето на одвикнување бил еден од најдобрите животни потези. На почетокот на 90 години кога почна професионално да се занимава со снукер, почнаа и неговите проблеми со алкохолот и дрогата.

„Денот ми почнуваше со алкохол и дрога, едноставно тоа ми беше потребно да можам да функционирам. Имав убава куќа, автомобил, мислев дека сум го достигнал врвот. Престанав да мислам на снукерот и само одев наоколу и правев ср**а. После некое време се свестив дека тоа не е добро и побарав помош. Веројатно тоа беше мојата најдобра одлука во животот“, изјави О’Саливен. 

О’Саливен е еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња. Има рекордни 17 трофеи од најголемите турнири, од кои пет се Светски шампион, а по седум пати ги освои шампионатот на Велика Британија и Мастерсот.

Се вчитува...