Објавата на Реал Мадрид е хит: Ние не играме финалиња, ние ги победуваме

Реал Мадрид стана 14-ти пат европски шампион, и недостижен на првото место на вечната листа на освојувачи на големиот трофеј во Лигата на шампионите.

Во големото финале „кралевите“ го совладаа Ливерпул со 1-0, а Куртоа успеа да ја одбрани титулата на крајот. Реал одигра паметен меч, ја чекаше шансата и ја дочека, и на крајот славеше триумф.

Куртоа го сруши рекордот по број на одбрани во финалето, а Карло Анчелоти е прв со четири освоени трофеи.

На социјалните мрежи Реал Мадрид стави објава која стана хит на социјалните мрежи: „Ние не играме финалиња, ние ги победуваме“.

Се вчитува...