Очаен финиш против Србија, Македонија со „фенерот“ на ЕП

Репрезентацијата за ракометарки до 19 години на Македонија го освои последното место на Европското Првенство што се одржуваше во Словенија, откако нашите ракометни надежи во мечот за 15. место беа поразени од Србија со резултат 24-21.

Македонските ракометарки има за што да жалат бидејќи по израмнетото прво полувреме (негатива 10-12) во вториот дел заиграа одлично и за момент имаа и одлична предност од 19-15. Сепак, потоа дојде до огромна криза во играта на нашата национална селекција, а селекторот зеде тајмаут дури откако противникот поведе со 19-20. Србинките постигнаа уште два гола по тајмаутот и поведоа со недостижни 19-22, за мечот да заврши со конечни три гола разлика, наш најтесен пораз на првенството.

Македонија одигра седум натпревари на овој европски шампионат и претрпе исто толку порази.

Се вчитува...