Од Мајами елиминиран осмиот тенисер на светот

Данил Медведев без проблеми обезбеди место меѓу најдобрите осум на турнирот во Мајами,  испадна Каспер Руд, осмиот тенисер на светот. Иако сите го видоа Руд како негов ривал во следната фаза, сепак, таму оди Николас Хари од Чиле, кој го совлада Норвежанецот.

Хари го елиминираше фаворитот со „метла“, односно во сетови 7-6 и 6-3, и тој ќе биде ривал на Медведев во Мајами, а не очекуваниот Руд.

Во 1/4 финалето се пласираше и Махац од Чешка, кој ќе игра со подобриот од О’Конел – Синер.

Се вчитува...