Од Милан преку Ајнтрахт, Хауге стигна до Гент

Јенс Петер Хауге ќе ја мине идната сезона во белгискиот тим Гент, откако денеска беше пуштен на позајмица во овој тим од Ајнтрахт Франкфурт. На само 22-години, овој фудбалер од Милан во италијанската Серија „А“, стигна да игра во Белгија, иако важеше за еден од подобрите леви крила во тогашниот тим на Милан.

Трансферот на Хауге од Милан во Ајнтрахт претставуваше целосно изненадување, и се чинеше дека Франкфурт доби звучно име. Меѓутоа како одминуваше времето, формата на Норвежанецот одеше во надолна линија, а го загуби и првотимскиот статус. Откако си замина Филип Костиќ, се доби впечаток дека ќе се врати во игра за стартните 11, меѓутоа Ајнтрахт денеска објави дека го пушта на позајмица.

Позајмицата е до 2023 година, а нема можност за откуп на договорот. По завршувањето на истата, левото крило се враќа во Франкфурт.

Се вчитува...