Од „минус“ 10 до „плус“ 5 – погледнете како МЗТ Скопје успеа да го освои Куманово (ВИДЕО)

Првиот натпревар од 15. коло во „елитата“ на македонската кошарка започна со „шампионска“ победа на МЗТ Скопје против Куманово. Аеродромци мака мачеа во поголемиот дел од средбата по што домаќините имаа и +10 (65-66) на 4:05 до крајот, но тогаш на сцена настапија гостите.

Избраниците на Радуловиќ одиграа одлично во одбраната и нападот го приморија противникот на тешки обиди од поле (0/3 за два и 0/5 за три ) кои завршија и со три блокови, а кумановци немаа ниту решение за „џинот“ Рикиќ кој царуваше под обрачот.

МЗТ Скопје успеа да „фати“ четири скока во нападот за поени од втора шанса, реализираше со 4/4 за два, беше половичен (1/2) и во обидите за три, а единствената црна дамка остана реализацијата на слободните фралања (4/7), кои на крајот на беа пресудни за исходот од натпреварот.

Интересно, ова не е прв пат Куманово да испушти предност од десет поени против МЗТ Скопје. Така беше и претходната сезона кога во четвртфиналето гостите сред Аеродром имаа позитива од 61-71 на 2:45 до крајот, но испуштија можност за елиминација на „штрковите“ кои подоцна се „прошетаа“ до осмата титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...