Одбојкарите на собир: Преку Украина и Унгарија до Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација на почетокот од следната година, на 5 и на 9 јануари ќе ги одигра завршните два натпревари од евроквалификацискиот циклус. На дуелите против Украина во гости и против Унгарија на домашен терен, македонскиот национален тим ќе се бори за пласман на Европското првенство кое што ќе се одржи во септември следната година.

Одбојкарската селекција од денеска е на собир, ги почнува подготовките за средбите преку кои треба да биде направен најголемиот успех досега.

Нашата селекција во пресрет на овие мечеви е на втората позиција на табелата со биланс од две победи и два пораза. Лидер во нашата конкуренција е репрезентацијата Украина која досега има максимални четири победи. Македонскиот тим ја брка втората позиција бидејќи на еврошампионатот одат првопласираните селекции од сите конкуренции како и пет второпласирани од седумте квалификациски групи.

Во досега одиграните четири средби, македонскиот состав има два триумфа вомечевите со Швајцарија, додека ги загуби дуелите со Украина и со Унгарија во пет сета.

Се вчитува...