Одбојкарите се фатија за работа – ЕП е предизвик за кој се живее (фотогалерија)

Македонската одбојкарска репрезентација ги стартуваше летните подготовки за премиерниот настап на големите натпреварувања, откако „црвено-жолтите“ се изборија за историско учество на ЕП 2019.

Атмосферата е одлична, на сите им е јасно дека ЕП е предизвик за кој се живее, па и селекторот и одбојкарите ќе сторат се за максимално да се подготват за дуелите со најсилните европски селекции.

За потсетување, Македонија е дел од групата Ц што ќе се игра во Љубљана, каде нашите одбојкари за ривали ќе ги имаат домаќинот Словенија, европскиот првак Русија, како и селекциите на Финска, Турција и Белорусија.

Се вчитува...