Одбојкарите со Шведска и со Албанија во групната фаза од Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација и оваа година ќе се натпреварува во Европската лига. Натпреварувањето и оваа година ќе го задржи истиот формат. Шест селекции ќе се натпреваруваат во првата групна фаза, поделени во две групи, а потоа првите две репрезентации од двете групи ќе го одлучат победникот на фајналфор турнир.

Македонија ќе разигрува во групата А против селекциите на Шведска и со Албанија додека во групата Б се сместени репрезентациите на Данска, Албанија, Украина и на Унгарија. Распоредот на натпревари како и домаќини на турнирите ќе бидат дополнително утврдено од страна на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Минатата година, македонската репрезентација стигна до ново, второ, сребро откако во финалето беше запрена од селекцијата на Естонија.

Се вчитува...