Одбојкарите во Маврово ја почнаа „мисијата Словенија“

Македонската одбојкарска репрезентација во Маврово го почна подготвителниот период за дебитантскиот настап на Еврпоскoто првенство во Словенија во септември. Селекторот, Никола Матијашевиќ ги собра репрезентативците и во следните речиси два месеци ќе ги подготвува за битките во прелиминарниот дел од шампионатот, групата во која покрај домаќинот Словенија се и Русија, Труција, Белорусија и Финска.

На списокот на селекторот се петнаесетмина играчи. Марјан Урдов не одговори на повикот, а Александар Милков се уште ја санира повредата. Стручниот штаб е засилен со тренерот Ратко Павличевиќ, а со одбојкарите ќе работи и кондициски тренер од Франција.

По еден месец во Маврово, националниот тим ќе се пресели во Скопје каде што ќе има серија контролни натпревари. Првиот дуел на Европското првнество, македонската репрезентација ќе го одира на 12 септември.

Се вчитува...