Одбојкарките на Фит Фан Волеј и во следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата.
Тимот на Благоја Ставревски со 2-0 во победи се радуваше над второпласираниот тим во Втората лига, Вардар жени 2019 и го одбрани прволигашкиот статус.
Фит Фан Волеј откако со 3-1 изминатиов викенд славеше на гостински терен, опстанокот во Првата лига жени го потврди попладнево со максимална победа пред својата публика.
Со ова е потврден изгледот на прволигашите за следната сезона 2026/2027, во која право на настап како шампион во Втората лига има и Фламинго Волеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
