Одбојкарките на Работнички со брејк стигнаа до прва победа против штипски УГД Младост од 0-3 (22-25, 24-26 и 16-25) во полуфиналето на плејофот за шампионската титула во Македонија.
Првите два сета понудија поголема неизвесност иако гостинките ја имаа иницијативата, додека штипскиот тим се потруди да понуди силен отпор.
Особено интересно беше во финишот на вториот сет кога беше егал 24-24, но Работнички Скопје “врза” два поени за 26-24 и водство од 2-0.
Тамара Стојанова со 14 поени, Марија Василевска со девет и Андротеа Милевска со осум поени беа најдобрите поединки во победничкиот тим, кои го водеа Работнички до триумфот.
Реваншот се игра во Скопје в понеделник на 20 април.
Наковски волеј, пак, со 3-1 (25-18, 22-25, 25-19, 25-21) го победи актуелниот шампион Јанта Волеј во првиот полуфинален дуел од плејофот кај дамите.

Слично како и во претходните меѓусебни дуели и денеска противници се надмудруваа, но константноста во играта која е одлика на девојките на Наковски сезонава одново беше клучен фактор за победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
