Женската одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз во рамките од Европската лига, овојпат губејќи на домашен терен од селекцијата на Хрватска со максимални 0-3 во сетови.
„Црвено-жолтите“ под водство на новиот селектор Гавриловиќ и со подмладен состав се уште го бараат посакуваниот ритам, а искусниот состав на Хрватска го искористи тоа за да стигне до рутински триумф.
Трите сета минаа во доминација на гостинските одбојкарки, па така Македонија освои по 15 поени во првиот и во третиот, а само 12 поени во вториот сет од овој натпревар.
Македонија настапот во ова натпреварување ќе го заврши в недела, кога противник на нашите одбојкарки ќе биде селекцијата на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
