Oдбојкарска делегација од САД во посета на МОК

Одбојкарска делегација од САД, како дел програмата Млади Лидери преку Спортска Програма (YLS) е во посета на Македонија. Во месец јули, 2023 година, 12 тренери по одбојка од Македонија беа во Сан Антонио, Тексас на 10-дневна програма, а сега Македонија е домаќин на 15 одбојкарски тренери од САД.

Тие го посетија Македонскиот Олимписки комитет каде што разменија мислења за програмата и нивни искуства во својата држава. Добредојде им посака претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој  ги запозна со работата на Олимпискиот комитет и подготовките за претстојните игри во Париз 2024.

Програмата е спортска размена дизајнирана да поттикне поголема соработка помеѓу спортските професионалци на глобално ниво, обезбедувајќи им на младите спортисти и нивните тренери од Македонија и од Соединетите Американски Држави можности да споделат искуство и практики на лидерство, одговорност, тимска работа, менторство, здрав живот, и самодисциплина во мултикултурна средина.

 

Се вчитува...