Одбојкарскиот турнир „Чајка“ со 42.издание

Турнирот во oдбојка „Бранко Хаџи Иљоски Чајка“, ќе се одржи 42. пат, а Агенцијата за млади и спорт и оваа година ќе ја поддржи манифестацијата со долгогодишна традиција.

„Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово, уште од далечната 1975 година, и е една од најстарите манифестации во Македонија. Морам да ја истакнам мојата благодарност до семејството Хаџи- Иљоски, како и до медиумите кои учествуваат во промоција и поддршка на овој спортски настан, што условува континуитет во оддржување и постоење на најстарите македонски спортски манифестации“, истакна директорот Каевски.

Тој ги покани сите вљубеници во одбојката и спортот воопшто да бидат дел од оваа спортска манифестација.

Свои обраќања имаа и претставници од Одбојкарската федерација на Македонија и организацискиот одбор на турнирот, кои истакнаа дека овој турнир претставува историја на одбојката во Македонија и одлична можност за сите вљубеници на одбојката во Тетово и пошироко да присуствуваат на одлични одбојкарски натпревари.

Покрај тимовите на Работнички, Универзитети и Бами Кор, на турнирот ќе настапи и Рудар- Пљевља од Црна Гора, со што овој турнир ќе добие меѓународна димензија.

Се вчитува...