Одбраната го мачи Алегри: Јуве не примил шест гола на два натпревари цели осум години

Три гола од Аталанта во Купот на Италија и елиминација, а потоа три гола и од Парма на домашен терен во Серија А. Премногу е тоа за одбраната на италијанскиот првак Јувентус, кој со години се карактеризирал токму со цврст бедем пред сопствениот гол. Токму тоа го мачи и тренерот Масимилијано Алегри, никогаш досега под негово водство тимот не примил шест гола за 180 минути.

„Кога ќе примите толку многу голови, значи дека едноставно не играте одбрана. Мораме да го подобриме тој сегмент. Ништо не е завршено, а ние се однесуваме токму така“, изјави Масимилијано Алегри.

Последен пат Јувентус примил шест гола на два меча пред осум години. Во јануари 2011 година, Јувентус загуби од Парма со 4-1, а потоа и Наполи со 3-0. Тогаш тренер на „старата дама“ беше Луиџи Дел Нери.

Се вчитува...