Одбројани се деновите на Солскјер во Манчестер, познато е кој ќе го замени

Манчестер Јунајтед и покрај големите очекувања игра катастрофално на стартот од новата сезона. Тимот од „Олд Трафорд“ во Премиер-лигата стартуваше катастрофално, а како што пренесуваат англиските медиуми по вчерашниот пораз од Башакшехир се бројат деновите на Оле Гунар Солксјер.

И покрај тоа што раководството веруваше во младиот стратег дека може да го врати тимот на славните патеки, сепак дел од фудбалерите се незадоволни од работата на Норвежанецот, па по се изгледа тој ќе го напушти клубот.

Како прв фаворит за преземање на местото тренер на „црвените-ѓаволи“ е Маурисио Покетино кој по завршувањето на авантурата во Тотенхем минатиот ноември, се уште е без ангажман.

Се вчитува...