Одличен меч и чесен пораз на ракометарките против силната Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз од Шпанија овојпат на гостински терен со 24-20 во 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Унгарија, Швајцарија и Австрија. Како и на мечот во Скопје, нашите ракометарки имаа сила само за едно полувреме егал со големиот фаворит.

Подмладената Македонија која на овој меч беше без Елена Ѓоргиевска и Јована Саздовска одлично отвори против големиот фаворит. Јована Кипријановска одлично го водеше нашиот тим па по десет минути игра бевме во егал со Шпанките (4-4). Шпанките за првпат се одвоија на 6-4 во 12. минута, по што следуваше првиот гол на мечот на младата Младеновска која намали на минус еден, а по петнаесет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 6-5.

Следуваше одличен период на нашите ракометарки, па со двата гола во низа на Сара Ристовска, Македонија во 19. минута влезе со минимална предност од еден гол 7-8. До крајот на првото полувреме продолжи играта во егал, а по 30 минути домаќинките имаа минимална позитива од 10-9.

Како и на мечот во Скопје, Шпанките на стартот на вториот дел уфрлија во повисока брзина. На нашите девојки во 15 минути игра им дозволија само три гола, па сето тоа резултираше со највисоките плус седум (19-12). До крајот избраничките на Амброш Мартин само рутински го приведоа мечот за конечни 24-20. Кипријановска и Маџовска со по три гола беа најефикасни во нашиот табор, додека кај победникот четири постигна Данила Делгадо Пинто.

Македонија сепак се уште е во пол позиција за пласман на ЕП бидејќи во последните два меча против Литванија и Азербејџан ќе и биде потребна само една победа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...