Одличен настап на Блажевска-Еминова на јуниорското ЕП во пливање

Најмладата македонска олимпијка, Миа Блажевска-Еминова имаше одличен настап на 100 метри грбно на Европското јуниорско првенство кое се одржува во Рим. Блажевска-Еминова делницата од 100 метри грбо во квалификациите ја помина за 1:04.73 минута со која го освои првото место во својата група.

15-годишната македонска пливачка може да жали бидејќи и со овој одличен резултат исплива 30 стотинки послабо од своето најдобро време. Со овој резултат Блажевска-Еминова заврши на 26. место во оваа дисциплина од вкупно 51 пријавена пливачка.

Се вчитува...