Одличен старт: Бодови за Давидовски на првата трка од TCR Europe

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски одлично ја стартуваше новата сезона во TCR Europe откако освои бодови на првата трка што се возеше на патеката Алгарве во Португалија.

Давидовски, кој настапува за тимот на „Comtoyou” го освои 13.место во конкуренција на 20 возачи и ги освои првите пет бода во новата сезона. МАкедонецот исто така го освои и трофејот во Diаmond Cup за возачи над 40 години.

Неговиот тимски колега, Аргентинецот Франко Џиролами го освои петтото место. Победник на трката беше Џек Јанг од тимот на „Халдер Моторспорт“, пред клупскиот колега Мајк Халдер, а третопласиран беше Никола Балдан.

Давидовски трката ја стартуваше од 16 место, но веќе по првиот круг скокна три места, а потоа се искачи и на 12. позиција. Таму се задржа се до осмиот круг кога не издржа под притисокот на Мајк Хомола кој го престигна. Но, до крајот на трката Давидовски возеше солидно и немаше проблеми да ги освои првите бодови сезонава.

Се вчитува...