Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води, Ангел Петрушев забележа извонреден успех на Европското првенство за јуниори.
Петрушев го освои четвртото место на Европското првенство за јуниори во дисциплината К-1. Во финалната трка за помалку од една секунда остана без бронзата и без првиот медал во кајак на диви води за Македонија во историјата. Но, и тоа како запиша извонреден резултат кој е дополнителен мотив за идните предизвици на младиот македонски кајакар.
Македонскиот репрезентативец, претходно, беше прв по полуфиналето со најдобро време, и две третини од финалето веслаше одлично, со најдобро време на минување на патеката, но за жал во финишот загуби неколку секунди кои го чинеа медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА