Одлична вест за Покетино: Во ПСЖ се враќа најголемата ѕвезда пред дуелот со Барса

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стекнаа голема предност во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите откако на „Камп Ноу“ ја совладаа Барселона со 4-1. Реваншот се игра следната среда во Париз, а Нејмар би можел да биде подготвен за овој натпревар.

Последниот натпревар бразилскиот напаѓач го одигра на 10. февруари во Купот на Франција против Каен. Од тогаш се повреди, но сега се очекува неговото враќање на терените да биде следната недела. Ова го објави тренерот на тимот Маурисио Покетино.

„Закрепнувањето на Нејмар оди во добра насока. Во следните денови ќе процениме дали ќе биде подготвен за Барселона“, изјави Покетино.

Бразилецот оваа сезона одигра вкупно само 18 натпревари за шампионот на Франција. Постигна 13 голови и запиша шест асистенции.

Се вчитува...