Одлични вести од Хрватска: Адеми може да игра уште во четврток, лекарскиот тим прави напори да ја санира повредата!

Македонскиот фубалски репрезентативец, Адеми, заработи повреда на вчерашниот натпревар против Локомотив, и има оток на стапалото, рендгентските снимки ќе покажат за каква повреда станува збор.

Сепак, Македонија изгледа не треба да стравува дека Адеми може да го пропушти ЕП ова лето затоа што од Динамо најавија дека македонскиот репрезентативец може да биде спремен веќе во четврток.

„Аријан доби незгоден удар во натпреварот со Локомотива, има оток на зглобот, а лекарскиот тим прави напори што побрзо да ја санира повредата. Имаме една трка со времето, ние веруваме дека ќе биде спремен за настап во четврток“, изјавиле од Динамо за хрватскиот портал „24сата“.

Се вчитува...