Одлични вести за Македонија – Ван Дајк го пропушта ЕВРО 2020!

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк потврди дека ќе го пропушти Европското првенство 2020 година. Ова е одлична вест за фудбалската репрезентација на Македонија која на шампионатот се наоѓа во група со Холандија.

Ван Дајк се здоби со сериозна повреда на коленото на дербито во Премиерлигата против градскиот ривал Евертон на почетокот на сезоната, по интервенцијата на голманот Џордан Пикфорд. Тој мораше да биде опериран и последните неколку месеци ги помина на рехабилитација.

Сепак, и покрај големите напори на медицинските лица и големата желба на Ван Дајк да им помогне на соиграчите, тој сепак нема да биде подготвен за настап на еврошампионатот.

 

Се вчитува...