Одлично засилување: Гостивар се пофали со новиот плејмејкер Дилард (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Гостивар се засили со нов играч на плејмејкерската позиција. Станува збор за Кевин Дилард, кошаркар кој досега има играно во Турција, Грција и Израел. Оваа позиција е проблем за гостиварци уште од почетокот на сезоната кога од тимот замина Александар Костоски, а и покрај тоа што „сино-белите“ го добија Ејасу Ворку, не успеаја да донесат квалитетна замена за Американецот.

Со искусниот 32-годишник очекувањата се Гостивар сериозно да се вклучи во трката за првите четири позиции на табелата. За тоа избраниците на Јончевски се наоѓаат на добар пат со оглед на тоа што по 16 одигрнаи средби имаат учинок од 11 победи и 5 порази и во моментот се наоѓаат на третата позиција на табелата.

Се вчитува...