Одложен баражот за пласман на СП меѓу Украина и Шкотска

Бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар меѓу Украина и Шкотска е одложен поради руската инвазија во Украина, потврди првиот човек на Европската куќа на фудбалот Александар Чеферин.

Натпреварот кој требаше да се одигра на крајот на месец март ќе биде одложен најмалку за во јуни месец, што значи дека сите патници за мундијалот во Катар нема да ги дознаеме се до летото.

За потсетување Светското првенство во Катар е закажано за во ноември годинава, а сите останати бараж мечеви ќе се играат на крајот на месецов. Македонија на 24. март ќе и гостува на Италија во Палермо.

Се вчитува...