Одложен мечот Ла Коруња – Фуенлабрада, шест заболени од Covid-19 кај гостите

Шест фудбалери на Фуенлабрада се покаѓале позитивни на последните тестови за Covid-19 и од таа причина е одложен вечерашниот меч против Ла Коруња, од последното коло во Секунда Дивизион. Гостите се изолирани во хотел и чекаат на детални инструкции од Институтот за јавно здравје на Шпанија.

Ла Коруња се бори за опстанок во второлигашкото друштво на Шпанија, а Фуенлабрада има можност за влез во плејофот за пласман во Ла Лига. Но, очигледно дека овој натпревар ќе се решава можеби и на „зелена маса“.

Се вчитува...