Одложени претседателските избори во Барселона

Претседателските избори во Барселона што требаше да се одржат на 24 јануари и дефинитивно се одложени, откако беше утврдено дека не постои можност делегатите да гласаат поради најновите ограничувања одредени од шпанската влада ако дел од мерките за борбата против коронавирус. Шпанците одредија нови ограничувања во движењето за своите граѓани, кои од 17 до 24 јануари ќе можат да излегуваат надвор од своите општини на живеење само за работа, едукација или поради медицински причини.

Ова практично значи дека 45% од вкупниот број на делегати кои ќе треба да гласаат нема да можат да пристигнат во Барселона и да го искористат своето право на глас. Поради ова, каталонскиот гигант денеска и официјално објави дека изборите се одложуваат, а како опции за нивна реализација во блиска иднина се потенцираат гласање преку пошта или гласање преку email.

Ова во секој случај е огромен проблем за каталонскиот гигант, бидејќи веќе е извесно дека новиот претседател ќе биде избран најрано во февруари, при што тој ќе нема можност да го засили истенчениот играчки кадар во фудбалскиот клуб во јануарскиот преоден рок.

Жоан Лапорта е голем фаворит во трката за нов претседател, во која за ривали ги има Виктор Фонт и Тони Фреиша.

Се вчитува...