Одложено светското првенство во пливање за 2023 година

Светското првенство во водени спортови кое годинава требаше да се одржи во јапонската Фукуока е одложено за следната година, потврдија од Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

19. издание кое требаше да се одржи годинава од 13. до 29. мај е одложено за догодина во периодот од 14-30 јули поради целата ситуација со коронавирусот. Поради ова следното издание кое требаше да биде на програмата во декември 2023 во Доха е одложено за јануари месец 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FINA (@fina1908)

Се вчитува...