Одложено цело 25. коло во ПМФЛ по барање на клубовите

По барање на клубовите прволигаши, натпреварите од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига се одложени за 1. април. Добар дел од фудбалерите отсуствуваат поради репрезентативни обврски, па затоа целото коло ќе се одигра во недела со почеток на натпреварите од 15:00 часот, наместо утре (четврток, 29. март).

Натпревари 25 коло ПМФЛ:

Работнички  – Академија Пандев

Силекс – Победа

Скопје – Шкендија

Ренова – Шкупи

Пелистер – Вардар

Се вчитува...