Тренерот на Шкендија, Артим Положани се одлучи на промена на голманската позиција на натпреварот со Хибернијан во Единбург, за првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Така на голот ќе застане Ферат Рамани, кој ќе го менува Астрит Амзаи. Не е познато зошто Шкендија се одлучи на ваква замена.
Од претходно беше јасно дека првиот голман, Бубакар Гаје не е во комбинација поради повреда.
Јован Манев добива шанса во првите 11, на местото на Имран Фетаи, кој се пресели во Динамо Букурешт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
