Одржан 50. јубилеен карате семинар „Неа Флогита 2018“

Во организација на МТКФ, од 10 до 16 јуни во Неа Флогита, Грција се одржа јубилејниот 50. Летен карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“. На семинарот учествуваа вкупно 65 каратисти од неколку карате клубови од Македонија, Грција и од Србија.

Семинарот го водеа Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

Тренинзите се одвиваа два пати дневно, наутро и напладне на плажа. Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација која од 14 до 16 септември ќе настапи на 33. ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир „Неа Флогита 2018“.

 

 

Се вчитува...