Одржан вториот „Цевитана Алпски куп 2019“ (ФОТО)

Изминатиов беше реализиран вториот „Цевитана Алпски куп 2019“, организиран како дел од календарот на Скијачката федерација на Македонија а во техничка организација на скопскиот алпски скијачки клуб Скади и тренерскиот тим составен од Александар Атанасовски – Чаве и Слободан Бобо Стаматовски.

Ветровитото време не ги поколеба бројните дечиња и нивните родители покрај децата од ски-клубовите и познатите од светот на скијањето, да се приклучат на овие натпревари во велеслалом каде сите имаа шанса да се натпреваруваат и да си ги пробаат силите. Учествуваа околу 120 дечиња од повеќе клубови од Македонија како и деца рекреативци кои се поупатени во алпското скијање. Од ски-клубовите беа присутни, децата натпреварувачи скијачките клубови на Скади, Пелистер, Фокс, Полар, Сноуспорт, Станич, Меденица.

За најдобрите во своите категории беа поделени признанија, медали и награди од генералниот спонзор Витаминка.

Натпреварувачите беа поделени генерациски во неколку групи од У8 до У16 во машка и женска категорија. Трката во велеслалом како настан, беше организиран на патеките на Галички лифт, Ски центар Маврово.

Се вчитува...