„Одвратна дискриминација – Само затоа што не можам да одам, нема да играм на УС опен“

Најдобриот тенисер во инвалидска количка Дилан Алкот ја критикуваше одлуката на УС опен кој ги укина натпреварите во инвалидски колички, квалификациите и микс дубл. Првиот рекет во светот во оваа категорија е незадоволен и воопшто не трошеше зборови при упатувањето на критики.

„Објавено е дека УС опен ќе се одржи без тенис во инвалидски колички. Никој не не праша нас тенисерите. Мислев дека направив доволно да се квалификувам. Двапати бев шампион во Њујорк и сум прв во мојата категорија. За жал ми недостасуваше само една работа која е важна, тоа е да можам да одам. Одвратна дискриминација“, напиша Алкот.

Се вчитува...