Официјален распоред: Ракометарките трите меча на ЕП во ист термин, на стартот со олимпискиот првак

Женската ракометна репрезентација на Македонија сите три натпревари од групата фаза од ЕП 2022 ќе ги игра во ист термин, со почеток во 18 часот.

Нашите ракометарки се најдоа во групата Ц заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија, а ЕХФ денеска го објави и официјалниот распоред на натпревари за шампионатот.

Македонија во првиот меч на програмата на 5 ноември ќе се сретне со олимпискиот првак Франција, за два дена подоцна е закажан дуелот со Холандија, додека настапот во групната фаза го завршуваме на 9 ноември со пресметката со Романија, исто така во 18 часот.

Се вчитува...